Барај
Внеси фраза/и:
Дома arrow Вести arrow Глобалната прехранбена криза при крај

Глобалната прехранбена криза при крај Испечати Е-маил
Рејтинг: / 0
СлабоНајдобро 
Среда, 20 Август 2008
(makfax) Светската прехранбена криза, во која цените на пченицата, пченката и на оризот се искачија на рекордни вредности, предизвикувајќи немири во сиромашните земји, привршува.

Ова го оцени индискиот министер за земјоделство, нагласувајќи дека земјоделците по цел свет засеаја поголеми површини за да ги искористат високите цени, а прогнозите за годинашната жетва се многу оптимистички.

Рекордните приноси на соја во Кина и во Индија, речиси двојно зголемениот род на пченицата во Австралија и зголемените жетви на ориз во Тајланд и Виетнам доведоа до ладење на прегреаните цени.

Цената на оризот од рекордната се намали за 29 насто, пченицата за 35, а пченката за 26 насто. Американскиот долар во однос на јули ја покачи својата вредност за седум насто, а цената на нафтата се спушти за 22 проценти, што го намали интересот за биогорива.

Цените на житата и покрај зголемувањето на приносите се очекува да останата на повисоко ниво од пред пет години.

. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.


Време
Скопје
сега: 15oC
утре:13/21oC
задутре:12/24oC
повеќе...
Курсна Листа
 куповен продажен
EUR61.30 61.75
AUD36.50 37.13
CAD41.48 42.19
CHF36.86 37.49
GBP84.71 86.15
USD41.00 42.70
Други Медиуми
Makfax

digimak.net не е одговорна за коментарите на корисниците
copyright © digimak design studio, 2005-06
webmaster@digimak.net