|
Србите користат повеќе Интернет од Бугарите и Грците |
|
|
|
Среда, 20 Август 2008 |
(makfax)
Речиси еден милион и 300 илјади домаќинства во Србија користат Интернет, или 23 отсто од граѓаните, покажуваат резултатитте од истражувањата за 2007 година.
Во споредба со другите држави, Србија е пред Бугарија и Грција во однос на бројот на корисници на интернет, но има три пати помал број во споредба со Словенија, Германија и Шведска.
Најголемиот дел од корисниците на интернет во Србија се на возраст од 16 до 24 години.
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
|