|
Заниер негира дека предложил создавање српска полиција |
|
|
|
Среда, 20 Август 2008 |
(makfax)
Шефот на УНМИК, Ламберто Заниер негираше денеска дека предложил создавање српска полиција во рамки на Косовските полициски служби, надвор од нивниот команден ланец.
Заниер на прес конференција изјави дека не можел порано да излезе со демант на таквите натписи кои ги објавија некои приштински медиуми, затоа што бил на годишен одмор надвор од Косово.
Шефот на УНМИК најави дека мисијата на Обединетите нации ќе го сочува своето присуство на Косово, особено во средините со српско или мешано население.
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
|