|
Вкупно 269 сообраќајки во тетовско |
|
|
|
Среда, 20 Август 2008 |
(makfax)
Вкупно 163 сообраќајни несреќи се случиле од почетокот на годината на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје, додека на регионалниот пат Тетово-Јажинце се случиле 106 несреќи.
Според полицијата, најчеста причина за настанатите несреќи на автопатот се кучиња-бездомници, кои особено во вечерните часови тешко се забележуваат од возачите.
Нивното опасно влегување на автопатот е резултат на тоа што одредени поединци и натаму неретко ја оштетуваат или крадат заштитната жичена ограда.
Истовремено, на регионалниот пат Тетово-Јажинце, несреќите во најголем број се случувале поради пребрзо возење, непочитување право на предност, недржење прописно растојание или престигнување.
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
|