|
Караџиќ бара изземање на судијата |
|
|
|
Среда, 20 Август 2008 |
(makfax)
Хашкиот обвинет и поранешен претседател на Република Српска, Радован Караџиќ побара од хашкиот Трибунал изземање на претпретресниот судија Алфонс Ори, поради, како што наведе, судир на интереси.
Караџиќ во писмо до претседателот на Хашкиот суд, Фаусто Покар, напишал дека е во личен интререс на судијата Ори да го осуди, со што, наводно, дополнително би ги оддржал и потврдил претходно изречените пресуди, а пред се онаа на поранешниот претседател на Собранието на Република Српска, Момчило Краишник.
Краишник е осуден на 27 години казна затвор.
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
|