|
Басеску: Русија е потребна за безбедноста во црноморскиот регион |
|
|
|
Среда, 20 Август 2008 |
(makfax)
Безбедноста во црноморскиот регион не може да биде постигната без учество на Русија, изјави денеска романскиот претседател Трајан Басеску, пренесе романскиот весник „Евениментул зилеј“.
Пред да замине во посета на Украина, Молдова, Азербејџан, Грузија и Турција, претседателот потцрта дека Русија треба да биде партнер, а не ризичен елемент за безбедноста на црноморскиот регион.
Според администрацијата од Кабинетот на Басеску, целта на неговите посети е да се разгледа ситуацијата во Грузија и последиците од конфликтот во регионот.
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
|