|
НАТО не расправал за Македонија |
|
|
|
Среда, 20 Август 2008 |
(makfax)
Членството на Македонија во НАТО не било споменато на вонредното заседание на Алијансата, што вчера се одржа во Брисел, со цел разгледување на конфликтот во Грузија.
Ова за грчките медиуми го изјави грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани, која присуствуваше на вонредното заседание на Алијансата.
Бакојани појаснила, дека освен за Македонија, на средбата не станало збор ниту за евентуалните покани за членство на Грузија и Украина во НАТО. /
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
|