|
Млекарите го блокираа автопатот Скопје-Тетово |
|
|
|
Среда, 20 Август 2008 |
(makfax)
Автопатот Скопје-Тетово е во целосен прекин во двете насоки, поради блокирање на наплатната рампа кај селото Желино.
Блокадата, како што, соопшти АМСМ, е поставена од страна на Федерацијата на фармери, кои на овој начин сакаат да го изразат незадоволството од исплатата и откупната цена на млекото.
Како што е најавено, блокадата кај Желино ќе трае до 12 часот.
Покрај ова, фармерите најавија протести пред скопската млекарници „Сведмилк“ и пред откупниот центар на Битолска млекарница кај Петровец.
Револтираните млекари денеска делат бесплатно млеко на граѓаните во Гостивар, во Новаци и во кочанското село Секуларци.
Доколку барањето за зголемување на откупната цена на млекото на 29 денари за литар, не биде исполнето до 28 август, Федерацијата на фармери се закани со целосна блокада на млекарниците и затворање на патиштата.
|