Барај
Внеси фраза/и:
Дома arrow Вести arrow Нимиц утре во Скопје, во петок во Грција

Нимиц утре во Скопје, во петок во Грција Испечати Е-маил
Рејтинг: / 0
СлабоНајдобро 
Среда, 20 Август 2008
(makfax) Посредникот на Обединетите нации за разликите околу името Метју Нимиц во четврток треба да престојува во Скопје, а во петок ќе ја посети Грција.

Како што соопшти синоќа светската организација, медијаторот Нимиц со грчки претставници ќе се сретне во Солун.

Нимиц со македонските власти треба уште еднаш да разговара, дали е можен брз прогрес околу името до септември, а од друга страна Атина се обидува да го ескивира брзањето на Вашингтон за затворање на прашањето за името пред истекот на мандатот на американскиот претседател Џорџ Буш на крајот од годинава.

Македонското државно раководство вчера „изгради усогласена позиција“ за последните идеи презентирани од медијаторот Метју Нимиц и неговата претстојната посета на Скопје.

Според гласилата Нимиц на консултациите со претставниците на Скопје и Атина во Њујорк минатата недела предложил пет варијанти на името „Северна Македонија“.

„Мојот мандат е за проблемот со името. Постојат и други прашања и решавањето на главниот проблем со името, може да биде во правец на решавање на тие спорови. Сепак, мој главен приоритет е прашањето за името”, изјави Нимиц минатата недела, без директно да ги коментира иницијативите од Скопје во разговорите да се вклучат и прашањата за МПЦ, за македонското малцинство во Грција и за промена на аеродромот „Македонија” во Солун.

Според американски дипломатски извори, доколку спорот меѓу двете земји не се реши во наредните два месеца, тогаш многу е веројатно тој да остане активен многу долг период, затоа што со промената на администрацијата, во Вашингтон ќе има многу мал интерес за негово решавање, а двете земји немаат капацитет да најдат сами решение на 17-годишниот спор.

Нерешеното прашање за името стана пречка за евроатлантската интеграција на Македонија, откако на самитот на НАТО во Букурешт Грција стави вето на приемот на Македонија во Алијансата./крај/со/а/мп

. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.


Време
Скопје
сега: 15oC
утре:13/21oC
задутре:12/24oC
повеќе...
Курсна Листа
 куповен продажен
EUR61.30 61.75
AUD36.50 37.13
CAD41.48 42.19
CHF36.86 37.49
GBP84.71 86.15
USD41.00 42.70
Други Медиуми
Makfax

digimak.net не е одговорна за коментарите на корисниците
copyright © digimak design studio, 2005-06
webmaster@digimak.net