|
Пожарите и натаму беснеат |
|
|
|
Среда, 20 Август 2008 |
(makfax)
Пожарите, кои веќе неколку дена беснеат во Македонија, се уште се активни, а во меѓувреме избувна нова огнена стихија на планината Еленица, кај Струмица.
Покрај овој пожар, како што соопшти Центарот за управување со кризи, продолжува борбата со огнената стихија на неколку локации на планината Беласица, во близина на Македонски Брод, во кичевско и во кумановско.
Најтешка е состојбата на планината Беласица, каде што во гаснење на пожарот се вклучени и два хеликоптери на АРМ. Покрај ова, во текот на денот во гасењето ќе се вклучат 160 лица од надлежните институции.
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
|