|
Google Street View објави фотографија на пијан маж |
|
|
|
Среда, 13 Август 2008 |
(makfax) Австралијанецот кој заспал пијан на тревата пред својата куќа бил многу изненаден кога дознал дека неговата фотографија е објавена на Google Street View, страна што на своите корисници им овозможува детален преглед на улиците.
Мажот вели дека претходната ноќ се напил бидејќи дознал дека неговиот најдобар пријател е убиен, а кога по бурната ноќ излегол од такси возилото, само паднал на тревата пред својата куќа и заспал. Додека така пијан спиел на тревата, покрај него поминал автомобилот на ГСВ, што ги фотографира улиците за потребите на своите корисници и го снимил и овој 36 годишен маж, а потоа сликите уредно биле објавени на интернет. Мажот, кој се претставил само со името Бил, вели дека нема да поднесе официјална пријава поради нарушување на приватноста против ГСВ, но напоменал дека е незадоволен од објавувањето на фотографијата. “Не знаев дека таму некој ќе поминува и ќе снима“, вели тој. |