Барај
Внеси фраза/и:
Дома arrow Забава arrow Информации преку разглас?

www.org.mk
Информации преку разглас? Испечати Е-маил
Рејтинг: / 2
СлабоНајдобро 
Вторник, 12 Август 2008
(makfax) Селото Дутвелер во Германија користи разглас за да може своите жители да ги информира за сите поважни настани.

Кога на улиците на ова село три пати по ред ќе одекнат фанфари, сите луѓе ги отвораат прозорците и слушаат што има градоначалникот да каже.

Во селото има 950 жители, а инсталирани се 60 звучници од каде вестите можат да се слушнат во секое катче од местото.

Обично тоа се известувања за побегната мачка, најава за селска приредба, а има и молби за учество во заеднички акции.

Градоначалникот Герхард Сиринг – Лингенфелдер не размислува за укинување на ваквиот невообичаен информациски систем во добата на електронска пошта и СМС.

“Ова е многу попрактично“, вели Сиринг – Лингенфелдер.

Преку разгласот се емитуваат и честитки за роденден, проследени со соодветни песни. Порано се честитал скоро секој роденден, а денес тоа е само по нарачка. Причина за ваквата промена е во германските прописи за заштита на личните податоци, вели 49 годишниот градоначалник.



digimak.net не е одговорна за коментарите на корисниците
copyright © digimak design studio, 2005-06
webmaster@digimak.net