Барај
Внеси фраза/и:
Дома arrow Технологија arrow Младите, старите и технологијата

Младите, старите и технологијата Испечати Е-маил
Рејтинг: / 0
СлабоНајдобро 
Понеделник, 11 Август 2008
(makfax) Разликата меѓу старото и младото население на Германија во употребувањето на технолошките помагала е се поголема, покажа истражувањето направено за здружението БИТКОМ.

Истражувањето направено врз 1.001 испитаници на возраст над 16 години покажало дека 58 испитаници на возраст над 65 години воопшто не ги користи мобилните телефони или компјутерите, додека на возраст од 14 до 29 години тој процент е само пет.

Поради стравот од новите технологии повеќето постари жители пропуштаат многу корисни услуги што можат да се добијат преку интернет или преку мобилен.

Со цел на постарите луѓе да им помогне да го надминат стравот од технологијата, БИТКОМ започна да организира посебни курсеви, а многу производители во технолошкиот сектор, исто така, започнаа своите производи да ги прилагодуваат на граѓаните од третото животно доба.


digimak.net не е одговорна за коментарите на корисниците
copyright © digimak design studio, 2005-06
webmaster@digimak.net