Барај
Внеси фраза/и:
Дома arrow Здравје arrow Вирусите можат да добијат вироза?

Вирусите можат да добијат вироза? Испечати Е-маил
Рејтинг: / 0
СлабоНајдобро 
Петок, 08 Август 2008
(makfax) И вирусите можат да се разболат, ако се заразат со други вируси, тврдат научниците од универзитетот во Марсеј.

Француските микробиолози веруваат дека откриле нов вид вируси што овозможува “заразување на вирусите со вируси“.

Новооткриениот вирус, наречен “Спутник“, е многу мал и содржи само 20 гени.

Спутник е откриен во групата на порано откриениот вирус што шири зараза меѓу амебите.

Овој вирус се населува во друг вирус и влијае врз неговиот репродуктивен механизам. Заразените вируси создаваат изобличени структури, односно “заболуваат“.

По примерот на бактериофагите, вирусите што ги инфицираат бактериите, новиот тип вируси е наречен вирофази.

Стручњаците порачуваат дека не постои надеж оти новооткриениот вирус би можел да послужи за борба против вирусните заболувања кај луѓето. Тие претпоставуваат дека Спутник и неговите сродници се во состојба да напаѓаат само големи вируси, а вирусите што ги предизвикуваат опасните болести, по правило се мали.


digimak.net не е одговорна за коментарите на корисниците
copyright © digimak design studio, 2005-06
webmaster@digimak.net