Барај
Внеси фраза/и:
Дома arrow Забава arrow Морган Фриман се разведува?

www.org.mk
Морган Фриман се разведува? Испечати Е-маил
Рејтинг: / 0
СлабоНајдобро 
Вторник, 12 Август 2008
(makfax) Само неколку денови по тешката сообраќајна несреќа, во која скоро го изгуби животот, потврдено е дека 71 годишниот актер по 24 години брак се разведува од својата сопруга.

Иако Морган Фриман пред еден месец ги демантираше пишувањата дека неговата сопруга Мирна Коли – Ли поднела барање за развод на бракот поради неговото неверство, адвокатот на актерот во средата навечер потврди дека процесот за развод на бракот е започнат уште во ноември минатата година.

Еден од најдобро платените холивудски актери во Мисисипи во неделата навечер преживеа тешка сообраќајна несреќа. Морган го возел автомобилот во сопственост на 48 годишната сопатничка Демарис Мејер, која ја опишува како стара пријателка. Но, по веста за разводот, започнаа шпекулациите дека сепак станува збор за неговата љубовница.

Околностите за несреќата се уште се утврдуваат, а за сега се знае дека актерот не бил под влијание на алкохол и против него не се поднесени кривични пријави.



digimak.net не е одговорна за коментарите на корисниците
copyright © digimak design studio, 2005-06
webmaster@digimak.net