|
Петок, 01 Август 2008 |
(makfax) “Џек го пронајдов кога бев по риби. Беше толку мал што не можеше да ја држи главата дигната. Го донесов дома и се грижевме за него. Сега тој мисли дека е куче, и се грижи за нас, па дури и го напаѓа поштарот“, вели Џо Нотаро – Ливингстон, газдата на гавранот со криза на идентитетот.
Семејството Ливингстон има пет кучиња, поради што не е чудно што гавранот, живеејќи со нив, ги имитира нивните навики. Џек има навика да исчезне неколку денови, но се враќа повторно дома, скока по работните површини и пие од мијалникот. “Кога одиме некаде со автомобил, тој влегува сакајќи да дојде со нас. Тврдоглав е и навистина мисли дека е дел од семејството“, вели ќерката на Џо. |