Барај
Внеси фраза/и:
Дома arrow Трендови arrow Тоалети за транссексуалци?

Тоалети за транссексуалци? Испечати Е-маил
Рејтинг: / 0
СлабоНајдобро 
Четврток, 31 Јули 2008
(makfax) Од неодамна уште еден знак, на кој се наоѓаат и машки и женски лик, се наоѓа на тоалетите во едно средно училиште во Тајван. Причина? Дури 10 до 20 проценти од момчињата во тоа училиште се сметаат за транссексуалци.

Покрај вообичаените машки и женски тоалети, во училиштето постојат и тоалети за момчињата кои се чувствуваат како девојчиња.

“Момчињата транссексуалци, нивните врсници ги задеваа кога ги користеа машките тоалети. Поради тоа почнаа да ги користат женските, но тогаш девојчињата почнаа да се жалат. Незадоволството на овие момчиња почна да влијае и врз нивната работа во училиште“, објаснува директорот на школото.

Тој вели дека во своите 35 години работа во просвета сретнал многу момчиња транссексуалци и тврди дека голем број од нив сакаат и имаат намера подоцна да го сменат полот.

Тајланд е познат по високата толеранција кон транссексуалците, а операциите за промена на полот е вообичаена и многу честа во оваа земја, поради што и не е скапа.

Пациенти од цел свет доаѓаат во Тајланд за да го сменат полот.

Но, и покрај високата толеранција, транссексуалците се жалат дека се жртви на дискриминација при вработувањето, бидејќи лесно можат да се вработат само во областите стереотипни резервирани за нив, како што е индустријата за забава, модата и убавината. Исто така, се жалат дека се уште не им е дозволена промена на полот во официјалните документи.


digimak.net не е одговорна за коментарите на корисниците
copyright © digimak design studio, 2005-06
webmaster@digimak.net