Барај
Внеси фраза/и:
Дома arrow Здравје arrow Дебелината и човечките гени

Дебелината и човечките гени Испечати Е-маил
Рејтинг: / 1
СлабоНајдобро 
Четврток, 31 Јули 2008
(makfax) Решение на проблемот со дебелината се крие во човечките гени, покажува најновото откритие на британските научници кои откриле дека децата родени со генски поттип FTO потешко престануваат да јадат и им треба подолго време да се заситат.

Истражувањето е спроведено на 3.000 деца и откриено е дека децата што ја имаат таа верзија на генот не престануваат да јадат ниту тогаш кога веќе би требало да бидат сити.

Со претходните истражувања е утврдено дека возрасните лица кои имаат две копии на оваа верзија на генот се потешки за три килограми од лицата со една копија, а тие, пак, се во просек потешки за 1,5 килограми од лицата што немаат FTO ген.

Тој заклучок ги поттикна научниците од лондонскиот Јуниверзити колеџ и Психијатрискиот институт на Кралскиот колеџ на понатамошно истражување со деца.

Откриено е дека децата што имаат ризична верзија на генот потешко препознаваат кога треба да престанат да јадат, односно склони се на прејадување. Делувањето на генот било исто кај сите деца, без разлика на возраста, полот, општествено-економската состојба или телесната маса.

Но, тоа не значи дека сите деца што имаат ризична верзија на генот автоматски се предодредени да станат дебели, туку само имаат склоност на прејадување, појаснува водачот на истражувањето Џејн Вардл, која верува дека на телесната тежина влијаат цела низа гени.


digimak.net не е одговорна за коментарите на корисниците
copyright © digimak design studio, 2005-06
webmaster@digimak.net