|
Вторник, 22 Јули 2008 |
Големиот мајстор во дресот на Росонерите одлучи да настапува во дресот со број 80. Неговата голема желба, дресот со број 10, засега ќе остане во сопственост на играчот со сепак поголем стаж од него, Кларенс Сидорф.
Имено, 10-та му прирасна на грбот на Сидорф, кој после шест сезони не сакаше да се откаже од омилениот број. Со цел да се избегне конфликт, Роналдињо се одлучил на нешто оригинално, бројот 80 што асоцира на неговата година на раѓање, 1980-та. 
Роналдињо ја имал на располагање и 11-та која припаѓаше на Џилардино, кој замина во Фиорентина, но сепак кога не можел да ја има омилената бројка на дресот Роналдињо се одлучил пооригиналната опција со 80-та на грбот. |