|
Четврток, 17 Јули 2008 |
(makfax) Една од најпознатите американски секс симболи од педесетите години од минатиот век Темпсет Сторм и понатаму работи како стриптизета, иако неодамна го прослави 80-от роденден, и нема намера да се повлече.
"Спектакалот е мој живот, и тоа ме одржавало сиве овие години. За разлика од сегашните девојки кои за две минути соблекуваат се од себе, јас сум уметник. Моите точки траат 7 минути и никогаш не одам до крај. Имало и такви кои сакале да видат се, ама морале за тоа да платат двојно" изјавува Темпест.  |