|
Сабота, 12 Јули 2008 |
Она што италијанските весници со денови го најавуваа, го потврди спортскиот директор на Интер, Леле Ориали, веста дека Амантино Манчини од редовите на Рома се пресели во редовите на шампионот Интер.
Трансферот на Амантино Манчини од редовите на Рома во Интер изнесува 13 милиони евра, а бразилецот потпиша четиригодишен договор според кој ќе заработува 3,5 милиони евра по сезона од Нероазурите. Манчини така стана првиот играч кој направи трансфер откако на тренерската клупа дојде Мурињо, а португалецот сеуште не се откажува од идејата во редовите на Интер да го доведе креативецот на Челзи, Франк Лампард. |