Барај
Внеси фраза/и:
Дома arrow Здравје arrow Жените на интернет купуваат таблети за абортус

Жените на интернет купуваат таблети за абортус Испечати Е-маил
Рејтинг: / 0
СлабоНајдобро 
Петок, 11 Јули 2008
(makfax) Многу жени од земјите во кои абортусот е забранет, како што е на пример Северна Ирска, на интернет нарачуваат таблети што го предизвикуваат абортусот.

Британските стручњаци предупредуваат дека од 400 жени кои на интернет страната Women on Web нарачувале апчиња за абортус, дури 11 проценти морале на итна операција поради компликациите предизвикани со земањето на таблетите.

Жените обилно крвареле или делови од плодот им останале во матката. Иако авторите на интернет страната тврдат дека намерата е да се помогне на секој кој сака сигурно да абортира, се чини дека апчињата што предизвикуваат спонтан абортус не се сосема безбедни и ефективни.

Women on Web од нарачателката бара комплетна документација со службена изјава во која недела е бременоста. Апчињата се испраќаат само во земјите каде абортусот е строго забранет и ако се жените бремени помалку од девет недели.


digimak.net не е одговорна за коментарите на корисниците
copyright © digimak design studio, 2005-06
webmaster@digimak.net