|
“Човечко огледало“ во воз |
|
|
|
Четврток, 10 Јули 2008 |
(makfax) Уметничката група "ImprovEverywhere“ ги шокираше Њујорчаните, полнејќи еден вагон од метро со – идентични близнаци.
Проектот “човечко огледало“ опфатил девет двојки идентични близнаци, а патниците кои влегувале во вагонот буквално мислеле дека гледаат дупло. Со цел дополнително да направат забуна, организаторите сите близнаци ги облекле исто, а им предложиле да си ги имитираат гестовите на своите парови. Така, близначките Дринквотер, во исто време пиеле вода, а други имале идентични иПод плеери или мобилни телефони. |