|
Вторник, 08 Јули 2008 |
(makfax) Pico USB од полиран хром има димензии од 31,1 х 12,4 х 3,2 милиметри, но и покрај оваа минијатурност може да сочува импресивни осум GB податоци.
Тоа значи дека може да сочува четири филмови, пет денови музика, повеќе од пет илјади фотографии од пет мегапиксели или 800 метри книги. Бидејќи е мал, може лесно да се изгуби, поради што со него е вклучено и синџирче што го олеснува носењето и чувањето. Ова е најмалиот УСБ драјв со толкав капацитет, отпорен е на удар и на вода. Компатибилен е со Мац, Виндоус и Линукс, а чини 49,99 американски долари. |