|
Сабота, 05 Јули 2008 |
Новиот менаџер на Манчестер Сити, Марк Хјуз, веќе ја започна претходно најавената голема чистка во екипата. Пред тргнувањето на подготовките, Хјуз на единаесет играчи им дал до знаење дека нема да смета на нив.
Хјуз излезната врата им ја покажал на Пол Диков, Џовани, Ведран Чорлука, Емил М’Пенза, Сун Џихај, Филип Манчини, Гери Брин, Мајкл Дејли, Ешли Гримс, Кристијан Моритсен и на Андреј Џиобети. Некои од овие играчи веќе побарале трансфер во друг клуб. За сметка на тоа, Хјуз во редовите на Манчестер Сити доведе само едно засилување засега, а тоа е бразилскиот напаѓач Џо кој дојде од редовите на ЦСКА Москва за 24 милиони евра, што е најголем трансфер во историјата на Сити.  |