Барај
Внеси фраза/и:
Дома arrow Технологија arrow Земјата денеска е најдалеку од Сонцето

Земјата денеска е најдалеку од Сонцето Испечати Е-маил
Рејтинг: / 1
СлабоНајдобро 
Четврток, 03 Јули 2008
(makfax) Земјата денеска на својата патека се наоѓа на афел, односно на најоддалечената точка од Сонцето.

Афел во астрономијата е крајната точка на Земјата на патеката околу Сонцето, од каде нашата планета почнува повторно да му се приближува. Во оваа точка Земјата доаѓа секоја година на трети или четврти јули.

Земјината патека околу Сонцето има облик на елипса со периметар од 939.200.000 километри. Планетата за половина година ќе стаса во перихел, односно во најблиската точка до сонцето.

Кога Земјата е најоддалечена од Сонцето растојанието изнесува 152 милиони километри, а кога е најблиску „само“ 147 милиони километри.

Оддалеченоста од Сонцето влијае и на брзината на движењето на Земјата. Нашата планета денеска се движи најбавно со брзина од 29,291 километри во секунда, а кога е во перихел забрзува на 30,287 километри во секунда.


digimak.net не е одговорна за коментарите на корисниците
copyright © digimak design studio, 2005-06
webmaster@digimak.net