|
Се одбележуваат 125 години од раѓањето на Франц Кафка |
|
|
|
Четврток, 03 Јули 2008 |
(makfax) Чешка денеска ја одбележува 125 – та годишнина од раѓањето на писателот Франц Кафка, кој се вбројува во најистакнатите претставници на чешката, еврејската и германската култура од почетокот на 20 век.
Дарбата на Кафка, со еврејско потекло кој се родил и живеел во Прага, ја збогати светската култура со магичен реализам, жанр во кој се напишани неговите дела, инаку преведени на 70 јазици ширум светот. Делата на Кафка во Чешка беа објавени по „кадифената” револуција во 1989 година, поради забраната поставена од тоталитарните власти. Негови најзначајни и најпознати романи се „Процес”(1925), „Замок”, (1926) и „Америка” (1927), а се истакнал и во другите книжевни жанрови. Кафка починал на 3. јуни 1924 година во Виена. |