Барај
Внеси фраза/и:
Дома arrow Култура arrow УНЕСКО избира нови знаменитости за Светско наследство

УНЕСКО избира нови знаменитости за Светско наследство Испечати Е-маил
Рејтинг: / 0
СлабоНајдобро 
Четврток, 03 Јули 2008
(makfax) Комитетот на Светското културно наследство на УНЕСКО започна собрание во Квебек, Канада на кое што треба да се реши судбината на 45 природни или архитектонски знаменитости, кои што се борат за признавање на нивната „исклучителна универзална вредност”.

Комитетот, составен од експерти од 21 земја членка на УНЕСКО, до 10. јули треба да одлучи кои места ќе се приклучат кон досегашните 851 на списокот на Светско наследство.

На списокот фигурираат 660 културни споменици, 166 природни знаменитости и 25 мешани.

Петте држави кои за прв пат се кандидираат се Киргистан, Папуа Нова Гвинеја, Сан Марино, Саудиска Арабија и островската држава Вануату, соопшти УНЕСКО.


digimak.net не е одговорна за коментарите на корисниците
copyright © digimak design studio, 2005-06
webmaster@digimak.net