Барај
Внеси фраза/и:
Дома arrow Здравје arrow Лубеница наместо виагра?

Лубеница наместо виагра? Испечати Е-маил
Рејтинг: / 0
СлабоНајдобро 
Среда, 02 Јули 2008
(makfax) Парче слатка, ладна лубеница би можел да има и дополнителна причина за уживање, тврдат американските научници.

Имено, лубеницата има исто својство како и првите апчиња против импотенција – ги шири крвните садови во организмот, а со тоа влијае и врз либидото, објаснува доктор Биму Патил, директор на Центарот за оплеменување на овошјето и зеленчукот во Тексас.

Тој објаснува дека бројни студии веќе покажале дека лубеницата има природно стимулирачко и здраво влијание врз организмот.

Здравите материи, како што се ликопенот и бета – каротенот, делуваат како природни биоактивни супстанци, а истото својство го има и цитрулинот, кој делува и врз ширењето на крвните садови исто како и виаграта.

Научниците велат дека со консумирање на лубеницата, цитрулинот се претвара во аминокиселината аргинин, а познато е дека овие киселини многу поволно влијаат врз срцето и циркулаторниот систем и го зголемуваат имунолошкиот одговор на организмот.

„Односот на цитрулинот и аргининот помага и при срцевите болести, а можно е поволно да влијае и кај дебелите, како и кај луѓето болни од дијабетис од типот 2“, вели Патил.


digimak.net не е одговорна за коментарите на корисниците
copyright © digimak design studio, 2005-06
webmaster@digimak.net