Барај
Внеси фраза/и:
Дома arrow Култура arrow Сто години на СОС сигналот

Сто години на СОС сигналот Испечати Е-маил
Рејтинг: / 0
СлабоНајдобро 
Среда, 02 Јули 2008
(makfax) Светлосниот сигнал, кој треба да ги предупреди морнарите дека во близина се наоѓа брод во неволја, се употребува веќе цел век, а благодарение на својата универзалност, стана и дел од поп – културата.

Денес овој повик, стар 100 години, луѓето ширум светот, кои го должат својот живот на овие знаци од Морзеовата азбука, ја потврдуваат неговата важност.

Својот „живот“ овој повик за помош го започнал на први јули 1908 година, кога станал глобално препознатлив во повикот за помош за бродовите настрадани на море.

Во тоа време звукот не можел да се пренесува по воздушни бранови, поради што на морнарите им требал стандардизиран начин да ги известат другите дека во неволја.

Дотогаш најчесто користен знак бил CQD, но овој знак се случувало да биде и погрешно препознат.

По долги расправи СОС е избран како знак за опасност, бидејќи трите точки, три линии, три точки се чиста и јасна порака испратена со Морзеовата азбука.

Овој сигнал од самиот почеток се покажал како многу успешен. Но, не верувале сите во “моќта“ на овој сигнал и требало да се случи трагедија, како што била онаа со Титаник, за многу скептичари да поверуваат во виталноста на овој универзален сигнал.

По сударот со леденик во април 1912 година, радиоператорите од Титаник ги испратиле и двата сигнали, стариот и новиот, но некои бродови во близина ги игнорирале, мислејќи дека операторите се забавуваат.

Откако светот го обиколи веста за трагедијата на Титаник, “неверниците“ се увериле дека сигналите за помош биле вистински, но доцна.

По овој случај, сигналот СОС никогаш повеќе не бил игнориран.


digimak.net не е одговорна за коментарите на корисниците
copyright © digimak design studio, 2005-06
webmaster@digimak.net