|
Промена на регистрацијата на домеините |
|
|
|
Вторник, 01 Јули 2008 |
(makfax) Организацијата ICANN ја потврди препораката со која ќе се овозможи воведување на нови домеински завршетоци во интернет системот на адресирање.
Моментно корисниците можат да бираат меѓу 21 домеин, како што се com., org., или info. Новиот предлог им овозможува на корисниците сами да го избираат завршетокот. ICANN очекува најпрвин побарувачка од некои заедници, како на пример за домеинот travel од страна на туристичките организации, но и од поединци кои сопственото име ќе сакаат да го користат како домеин. Веќе постојат здруженија кои сакаат да регистрираат домеини за одредени адреси, како што се nyc, berlin и paris. ICANN првите барања за домеини од овој тип ќе почне да ги прима во второто тримесечје на следната година. |