|
Како (не) се полага испит |
|
|
|
Вторник, 01 Јули 2008 |
(makfax) Еден студент од Велика Британија добил бодови на испит иако само напишал пцовка од два збора и само затоа што пцовката била „граматички исправна“.
Весникот „Тајмс“ ја пренесува изјавата на професорот Питер Бакројд, кој вели дека на парчето хартија што студентот му го предал пишувало само f… off. Тоа се два поена од можните 27. Би било безобразно од моја страна да не го прегледам трудот, или да му дадам нула поени. Тоа што го напишал има барем некакво значење, а и правописот е исправен“, изјави професорот, додавајќи дека доколку ставел знак на интерпункција, оценката би била повисока. |