(makfax) Лекот што е направен благодарение на методите на нанотехнологијата и употреба на еден вид печурки би можел да биде многу искористен во лекување на цел распон на карциноми.
Лекот, именуван лодамин, е унапреден во еден од последните експерименти на доктор Јудах Фолкман, научник кој ја истражувал проблематиката врзана за болестите на ракот. Фолкман е зачетник на идејата за терапијата ангиогенеза. Лодаминот е инхибитор на ангиогенезата, на чие усовршување тимот на Фолкман работел последните 20 години. Неговите колеги за весникот Nature Biotechnology изјавиле дека развиле формулација што делува како апче, без нуспојави. SynDevRx, биотехнолошка компанија добила дозвола за натамошно истражување на болестите на карциномот. Тестовите направени врз глувци покажале дека лекот делува против различни тумори, вклучувајќи го и карциномот на дојката, невробластомата, карциномот на јајниците, простатата, туморот на мозокот и на матката. Употребата на овој лек овозможила да не дојде до појава на примарни тумори. Исто така, со употреба доаѓало и до превенирање на развојот на туморите. |