(makfax) Лекарите во Лондон го отстраниле генот BRCA-1, што предизвикува рак на дојката, кај ембрион. Неговата мајка сакала да остане анонимна. Родителите сакале овој ген да се отстрани од ембрионот бидејќи веќе три генерации жени во нивното семејство заболувале и умирале од рак.
Отстранувањето на детектираниот ген што го пренесува ракот, им гарантира на родителите дека нивното дете никогаш нема да заболи од рак на дојките. Лекарите ги скенирале ембрионите на идната мајка и го отстраниле наследниот ген со кое детето имало од 50 до 85 проценти можност дека на некоја возраст ќе развие рак. “Последните три генерации секоја жена во семејството на мојот сопруг заболувала од рак на градите на возраст од 27 до 29 години. Доколку постои можност тој ген да се отстрани од нашето дете, мораме тоа да го направиме. Видовме што и направи ракот на сестрата на сопругот. Поради тоа моравме да направиме се да го спречиме развивањето на болеста„, вели мајката. Двојката имала 11 ембриони, од кои кај пет бил отстранет спорниот ген. Два ембриони веднаш биле имплантирани во матката, а останатите биле оставени за идно оплодување. Иако и двајцата плодни, родителите се одлучиле за вештачко оплодување за да бидат сигурни дека нема да го пренесат генот. “она што го поминав за да проверам дали моето дете го носи генот, не е ништо во споредба со тоа што го минуваа членовите на семејството од мојот сопруг кога дознаа дека имаат рак“; вели жената. “Жените сега имаат можност да проверат дали нивното дете го носи овој ген и да го отстранат од ембрионот“, вели доктор Пол Шерал од лондонската болница Универзити Колеџ. Шерал од ембриони на други двојки веќе го отстранувал генот што предизвикува рак на окото и рак на цревата. |