Барај
Внеси фраза/и:
Дома arrow Трендови arrow Деветта по ред операција за зголемување на градите

Деветта по ред операција за зголемување на градите Испечати Е-маил
Рејтинг: / 2
СлабоНајдобро 
Понеделник, 30 Јуни 2008
(makfax) Бразилката Шејла Херши сака да направи деветта операција за зголемување на своите гради, но во САД не може да пронајде хирург кој би го направил овој зафат.

Оваа 28 годишна жена веќе е влезена во Гинисовата книга на рекорди со големината на своите гради, меѓутоа, очигледно дека и тоа не и е доволно.

Таа моментално носи повеќе од два литри силикони по имплант на секоја страна, а во последните пет години имала осум операции.

“Мислам дека големите гради изгледаат убаво. Јас само го следам својот сон и нема да дозволам ништо да ме спречи во неговото реализирање“, вели Шејла.

Оваа домаќинка живее во Тексас и е омажена за Американец. Доколку не најде доктор кој ќе и ја исполни желбата, да се врати во Бразил, каде е родена и таму да ја направи операцијата.

Имено, законите во САД пропишуваат лимит во големината на силиконите што можат да бидат вградени, така што новиот потфат за Шејла би бил илегален.

Докторот Роберт Реј, пластичен хирург ја предупредил дека градите “буквално можат да и експлодираат“.


digimak.net не е одговорна за коментарите на корисниците
copyright © digimak design studio, 2005-06
webmaster@digimak.net