|
Сабота, 28 Јуни 2008 |
Преминот на долгогодишниот Француски репрезентативен одбранбен играч Лилијан Турам од Барселона во редовите на ПСЖ пропадна заради срцевите проблеми на бекот, кои беа откриени при рутинските лекарски прегледи во Париз.
“Ова е потполно изненадување. По деталните лекарски прегледи ќе знам што ќе се случи со мене“, низ солзи изјави некогашниот играч на Парма, Јувентус и Барселона. Тренерот на ПСЖ Пол Ле Гвен не губи надеж дека еден од најдобрите дефанзивци на светот сепак кариерата ќе ја продолжи во тимот кој го води, Францускиот Париз Сеинт Жермен. Конечната одлука дали ќе го прекине активното играње фудбал или ќе продолжи на сопствен ризик, Турам ќе ја даде по завршувањето на прегледите кои ќе траат еден месец. <p /> |