|
Петок, 27 Јуни 2008 |
(makfax) Вљубен бизнисмен изнајмил цела театарска екипа за да заигра во претстава и да ја запроси својата сакана.
Украинецот Генадиј Залескиј, платил 10 илјади фунти за да ја игра главната улога во претставата. Потоа, на својата девојка, која го обожува театарот, и дал карти за неа и за нејзините пријателки. Тој се појавил со маска на бината во сцената во која требало да и изјави љубов на главната актерка. Но, наместо тоа, тој се свртел кон публиката и изјавил “Не, жената која ја сакам се вика Викторија и седи во шестиот ред. Дали ќе се омажиш за мене, Викторија?“ Девојката, секако, се согласила и среќната двојка моментално се подготвува за свадба. “Беше тоа најромантично нешто што досега сум го доживеала. Сега знам дека никогаш во животот нема да ми треба никој друг“, изјавила среќна идната невеста. |