Барај
Внеси фраза/и:
Дома arrow Туризам arrow Вселенски туризам до 2012

Вселенски туризам до 2012 Испечати Е-маил
Рејтинг: / 0
СлабоНајдобро 
Понеделник, 30 Јуни 2008
(makfax) Рускиот вселенски брод, наменет за вселенски туризам ќе почне со летови до 2012 година, соопштено е на Московскиот технички универзитет, чии професори и студенти работат на проектот.

Макетата на специјализираниот вселенски брод “Одуванчик“, што ќе ги води туристите во орбитата, веќе е направена, изјавил ректорот на универзитетот.

Леталото се разликува од сличните со иста намена според тоа што е многу поефтино и поефикасно.

Со бродот ќе управува еден пилот и ќе има место за четири патници. Леталото, освен суборбитален лет, до 110 километри височина, ќе може да изведува и орбитални летови.

Тоа ќе полетува од мобилна платформа што може да се постави било каде, а ќе слетува со помош на падобран или самостално.

Неколку вселенски туристи веќе летаа со руските бродови со посадата на Меѓународната вселенска станица.

Картата за вселената чинеше 20 милиони долари, а суборбиталните летови ќе бидат значително поевтини, до 200 илјади долари.


www.org.mk

digimak.net не е одговорна за коментарите на корисниците
copyright © digimak design studio, 2005-06
webmaster@digimak.net