Барај
Внеси фраза/и:
Дома arrow Кулинарство arrow Готвењето изумира

Готвењето изумира Испечати Е-маил
Рејтинг: / 0
СлабоНајдобро 
Петок, 27 Јуни 2008
(makfax) Готвењето станува вештина, која изумира. Ова е резултат од 12-месечното истражување на прехрамбените навики во австралиската држава Квинсленд, што го водеше доцентот за јавно здравство Маргарет Вингетсу.

Истражувањето покажа дека повеќето луѓе помлади од 25 години не знаат ништо, што би им било потребно сами да подготват оброк. Од друга страна, поголемиот дел од нив и не ги интересира да научат да готват. Повеќето сакаат полуготова или брза храна, што долгорочно може да доведе до хипертензија, дијабетис, срцеви заболувања.

Порано, како што се наведува, барем девојките ги учеле да готват или дома или на училиште, се наведува во истражувањето додавајќи дека варењето тестенини или правењето колач од кекси не се смета за готвење. (макфакс)


digimak.net не е одговорна за коментарите на корисниците
copyright © digimak design studio, 2005-06
webmaster@digimak.net