Барај
Внеси фраза/и:
Дома arrow Спорт arrow Германија прв финалист

Германија прв финалист Испечати Е-маил
Рејтинг: / 0
СлабоНајдобро 
Четврток, 26 Јуни 2008
Турците беа на прагот на уште едно големо изненадување. По погодокот на Клосе во 79-та минута, Германија водеше со 2:1, но 4 минути пред крајот Семих го изедначи резулататот. Да не се случи изненадување се погрижи Лам во 90-та минута. 

Фаворитот Германија тргна многу исплашено на почетокот на полуфиналето против Турција. Тоа им се освети со неколку добри шанси кои агресивните Турци ги створија. За убаво отварање на натпреварот се погрижи Борал во 22-та минута, кога го изненади несигурниот Леман за водство од 0:1.

Не се чекаше долго на Германскиот одговор. Во 26-та минута по една школски изведена контра на Германците, Подолски се најде по левата страна и по прекрасното проигрување во шеснаесетникот, Швајнштајгер го израмни резултатот на 1:1.

Второто полувреме донесе поангажирана игра на Германците, меѓутоа повторно Турците беа тие кои конкретно шутираа кон противничкиот гол. Тоа не беше доволно бидејќи Клосе по одличниот центаршут и лошата проценка на голманот Рушту, во 79-та минута ја донесе Германија во водство од 2:1.

Кога се мислеше дека натпреварот ќе биде принесен кон крај без поголеми возбудувања, на сцена повторно стапи десеткуваната Турција, поточно Семих, кој успеа да ја спровре топката во мрежата на Леман во 86-та минута.

За Турција да не го повтори успехот од претходните натпревари се погрижи Филип Лам во 90-та минута, постигнувајќи го третиот и победоносен погодок за деветото финале на Германија на Европските Првенства.

<p />


Поврзано
Табели
ENG ITA ESP GER FRA NED
Premiership
Serie A
Primera Division
Bundesliga
Ligue 1
Eredivisie
Најново

digimak.net не е одговорна за коментарите на корисниците
copyright © digimak design studio, 2005-06
webmaster@digimak.net