|
Карминот забранет во Малезија |
|
|
|
Четврток, 26 Јуни 2008 |
(makfax) Североисточната малезиска држава Келентан, со која управува екстремна исламистичка партија, го забрани карминот и чевлите со високи потпетици во рамките на новите правила за облекување за жените.
Во овие правила се наведува дека муслиманките не смеат да ставаат шминка, светкави кармини и чевли со високи потпетици “што произведуваат звуци“. Жените, пак, кои сакаат да носат малку повисоки потпетици мора да ги обложат со гума. Членовите на државниот извршен совет, кои ја донеле оваа наредба, соопштиле дека целта на новите мерки е спречување на инциденти како што се силување или недозволен вонбрачен сексуален однос и сочувување на достоинството и моралот на муслиманските жени. |