(makfax) Американските научници откриле “друштвена виагра“, односно лек против срамежливоста и друштвената неприлагоденост.
Но, развивањето на лекот се уште е во тек, бидејќи научниците се уште го испитуваат хормонот окситоцин, што го излачува мајката во текот на раѓањето, а кој ја намалува анксиозноста и фобиите. Постојат индиции дека истиот хормон им помага на луѓето кои се борат со аутизмот. Пол Зак, професор по неврологија, го тестирал хормонот на стотина пациенти по што дошол до заклучок дека окситоцинот ја ублажува анксиозноста и на тој начин човекот полесно стапува во контакт со другите луѓе. “Многу битно е дека овој лек нема никакви нус ефекти и не создава зависност“, вели професорот Зак. Со хормонот окситоцин, научниците успеале да ги намалат симптомите на срамежливост кај 120 пациенти. Постои и веројатноста дека поголемо ниво на природниот окситоцин во главата влијае на љубезноста на луѓето кон странци, а да биде уште поинтересно, луѓето тогаш даваат повеќе пари за добротворни цели. |