|
Понеделник, 23 Јуни 2008 |
(makfax)
Еден 40 годишен забар од Џенова објавил оглас на интернет во кој нуди бесплатно поправање на забите во замена за – секс!
Мислејќи дека станува збор за шега, една новинарка се јавила на огласот и открила дека забарот навистина е подготвен на таква “размена на услугите“.
Стоматологот, кого новинарската екипа потајно го снимала во едно кафуле, и објаснил на својата соговорничка дека покрај нејзината примил само уште една понуда и тоа од жена која е негов редовен пациент.
Во огласот на забарот, кој има ординација во центарот на Џенова, пишува: “Професионален стоматолог нуди врвна, бесплатна поправка на заби на убави госпоѓи и госпоѓици кои умеат и сакаат да ги искористат своите компаративни предности„.
Засега не се знае дали забарот прекршил некој закон, но лекарскиот кодекс секако дека го прекршил, поради што со овој случај ќе се позанимаваат неговите колеги. |