Барај
Внеси фраза/и:
Дома arrow Трендови arrow Верзија на Фешн ТВ за поранешна Југославија

Верзија на Фешн ТВ за поранешна Југославија Испечати Е-маил
Рејтинг: / 0
СлабоНајдобро 
Понеделник, 23 Јуни 2008
(makfax) Француската телевизија Fashion TV и српската телевизија Пинк стартуваат нова верзија на глобалната модна телевизија наменета за просторите на поранешна Југославија.

Новиот канал треба да почне да се емитува наесен и тоа во Македонија, Србија, Црна Гора, БиХ, Хрватска и во Словенија.

Како што е соопштено една третина од програмата ќе се подготвува во регионот, а останатиот дел ќе се презема од централата во Париз.

Фешн ТВ и ТВ Пинк најавија и формирање на Party TV, како и отворање на Фешн кафеа и ресторани во регионот. (макфакс)


digimak.net не е одговорна за коментарите на корисниците
copyright © digimak design studio, 2005-06
webmaster@digimak.net