Барај
Внеси фраза/и:
Дома arrow Кулинарство arrow Светско првенство во правење пици

Светско првенство во правење пици Испечати Е-маил
Рејтинг: / 0
СлабоНајдобро 
Среда, 23 Април 2008
(makfax) Во италијанското гратче Салсомаџиоре Терме на северот на земјата, се одржува светско првенство во правење пици, на кое учествуваат 450 мајстори од целиот свет.

Учесниците, речиси сите мажи на возраст од 17 до 90 години, доаѓаат од целиот свет, а посебно се застапени од Северна Америка и Јапонија.

Натпреварувањето се одвива во неколку дисциплини, од најдобра „традиционална пица“, преку „најшироката пица“, до „најдобра пица без меурчиња“.

Се наградуваат и акробатските точки, како фрлањето на тестото во воздух, а во таа дисциплина има многу голема конкуренција од Јапонија.

Главната награда се доделува за пицата со најоригинален вкус. Оваа награда минатата година и припадна на пицата составена од крем од зеленчук, сланина, моцарела, црни тартуфи и пармезан.

Светското првенство завршува вечерва.


digimak.net не е одговорна за коментарите на корисниците
copyright © digimak design studio, 2005-06
webmaster@digimak.net