|
Среда, 23 Април 2008 |
Речиси еден час пешачење по ненормално високите температури и влажниот воздух се само мали пречки кои ништо не значат откако ќе го доживеете она за што се тргнале при посетата на Викториините водопади
Кога илјадници литри вода истекуваат во секунда од 110 метри високиот Викториин водопад во Замбија, посетителите од ’Ѓаволовиот базен’ имаат шанса да доживеат несекојдневно искуство проследено со огромна доза на адреналин. Секоја година во сушниот период од еден месец на водопадот се ствара простор за скокови во водата, секако за оние похрабрите, а останатите може да уживаат во погледот кој го нуди овој водопад. Од мирните води до брзите струи на реката ве делат само неколку метри, но погледот секако е достоен за неколку парови кои таму ги поминаа своите годишнини од бракот! Погледнете го ова рајско место на Земјата! 

|