|
14 милиони за два настапи |
|
|
|
Понеделник, 21 Април 2008 |
Мадона не мора сама да ги подига цените за своите настапи. Таа е толку барана што секоја нова сума ја надминува претходната! Тоа и сега се случи бидејќи за само еден настап добива по 7 милиони фунти.
На Мадона и биле понудени 14 милиони фунти за само два настапи во Дубаи. Таа веќе потврди дека наскоро тргнува на турнеја со цел да го промовирасвојот нов албум Hard Candy, а објасни дека дванастапи има резервирано за во ист град. “Мадона ќе собори уште еден рекорд пеејќи највносните концерти во нејзината кариера. Не само во својата, туку во сечија! Преговорите се во тек, а таа веќе договори во Дубаи за настап да добие 7 милиони фунти. Таа би требало да настапи и на една приватна забава во истиот град за која ќе заработи речиси иста сума“, изјави извор за весникот The Sun. Мадона минатата година со промотерот на Live Nation потпиша договор вреден 60 милиони фунти! |