|
Сабота, 05 Април 2008 |
Разиграните суперјунаци Мадона и Џастин Тимберлејк го спасуваат светот во спотот за синглот 4 Minutes. Џиновскиот часовник одбројува додека се наоколу пршти од специјални ефекти! Погледнете го видеото!
Мадона и Џастин Тимберлејк во главните улоги, како и Тимбаланд во споредна улога, ги здружија силите во новиот спот на Мадона, 4 Minutes. Видеото е снимено пред два месеци во Лондон под режисерската палка на двоецот Јонас и Франсоа. Песната, оригинално наречена Four Minutes To Save The World, е прв сингл од најновиот музички албум на Мадона, именуван како Hard Candy кој треба на пазарот официјално да се појави на 29 април. |