Само месец и половина пред да го издаде својот нов албум E=MC², Мараја Кери го објави новиот видео спот за најавниот сингл Touch My Body, во кој според зборовите на режисерот, се истакнува токму нејзиното совршено тело.
Американските музички ТВ станици овие денови премиерно го прикажаа спотот на песната од новиот албум на Мараја Кери, Touch My Body. Спотот е режиран од Брет Ретнер, а во него ќе го забележите и комичарот од филмот 30 Rock, актерот Џек МекБрејер.
Новиот албум на Мараја Кери официјално на продажба ќе излезе на 14-ти март, а со овој албум Мараја Кери планира да го повтори успехот од пред некоја година кој го имаше со албумот The Emancipation of Mimi, албум награден со три Греми награди.