Барај
Внеси фраза/и:
Дома arrow Култура arrow KISS повторно на турнеја

KISS повторно на турнеја Испечати Е-маил
Рејтинг: / 0
СлабоНајдобро 
Четврток, 14 Февруари 2008
Американската рок група KISS со претстојната Европска турнеја ќе го прослави своето 35-годишно постоење. Како некогаш, со црно-бели нашминкани лица, ќе застанат на сцените ширум Европа. Најблизу до нас ќе гостуваат во Србија. KISS станаа познати бидејќи никогаш не настапија а да не се екстравагантно облечени и нашминкани, во препознатливиот црно-бел стил. Бендот го основаа бас-гитаристот Џин Симонс и гитаристот Пол Станели во 1973 година, а другите двајца членови, верувале или не, се сеуште оние кои за прв пат пристапија кон бендот.



Оригиналниот и единствениот состав на бендот стана ултрапопуларен во текот на 80-те години меѓу адолесцентите благодарение на својот екстравагантен изглед и неколкуте хитови кои ги создадоа. Познати нивни хитови се Detroit Rock City, Rock'n Roll All Night и I Was Made For Lovin' You.


digimak.net не е одговорна за коментарите на корисниците
copyright © digimak design studio, 2005-06
webmaster@digimak.net